Поврзи се со нас

Вести

Пробен попис на населението во Гостивар во април 2019

Објавено

на

Општина Гостивар е една од четирите општини во Македонија, во која ќе се спроведе пробен попис во април 2019, година дена пред спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020. Освен во гостиварската, пробен попис ќе има во општините Зелениково, Кисела Вода и во Свети Николе, а со него ќе бидат опфатени вкупно 3.500 домаќинства.

Државниот завод за статистика, во нацрт верзијата на законот за попис предлага во пописот да нема прашања за етничка и верска припадност, туку само прашање за мајчиниот јазик.

„Во согласност со Меѓународните препораки  за спроведување на пописите околу 2020 година на Обединетите нации и Евростат, белезите за етно–културните карактеристики како што се етничката  и верската припадност не се задолжителни белези. Во Нацрт – верзијата на Законот за попис од сетот на белези за етно–културните карактеристики, се предлага да се прибира само податокот за мајчин јазик.“, информираа за Gostivarpress.mk од Државниот завод за статистика.

Попишувачите ќе поминат обука и податоците ќе ги прибираат на лап топ, а не со прашалник на хартија, како претходно. Според ДЗС, за  пробниот попис планирани  се 250 000 евра од ИПА фондовите.

Се очекува нацрт верзијата на Законот за попис да помине на Влада до крајот на годинава, а на почетокот од следната Собранието да го донесе Законот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена