Поврзи се со нас

Гостивар

Младата Анастасија Лефкоска од Гостивар промовира нова книга, роман со наслов „Савески“

Објавено

на

Деновиве од печат излезе ново книжевно дело на дваесет и тригодишната гостиварка Анастасија Лефкоска. Станува збор за роман со наслов „Савески” низ чии страници напишани во наратив на свеста се испреплетуваат бројни („табу”) теми, прашања и одговори. Промоцијата на книгата е закажана за понеделник (28 август) во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, со почеток во 16 часот.

Дејството на романот се одвива во Гостивар и Скопје во минатото, сегашноста и претпоставена иднина. Приказната се врти околу семејството Савески кое навидум изгледа среќно и успешно, но всушност е расцепкано и климаво.

Приказната започнува сосема обично: Г-ѓа Лилијана Савески ги собира исушените кошули на мажот ѝ, Глигор и во себе се навраќа на младоста која одамна ја одминала и на сите соништа кои ги заборавила. Позади неа е Јованка, нејзина пријателка од младоста, а сега вид послуга во куќата на судијата Савески. Понатаму, го запознаваме и Глигор Савески, судија пред пензија. Шармантен господин кој обожува млади девојки и никако не сака да подлегне на македонските стандарди и традиции, но сепак, без да примети го прави тоа. Марио Савески е синот на семејството. Дипломиран правник, пораснат со зборовите „Ова сѐ ќе е твое и ти  ќе си одговорен за сите… Ти си најдобар… Гордост… Глава… Син“. Марија Савески е седум секунди постарата сестра на Марио, таа е дипломиран економист, порасната на поинаков начин од Марио, со зборовите, „Ти си женско – ќути… Ти си туѓа куќа… Ќе добиеш само спална… Кога ќе раѓаш.. итн.

Покрај семејството Савески, романот раскажува и приказни на десетина споредни ликови кои, на крај ќе се поврзат како една пајакова мрежа. Сите ликови во романот се измислени.

Лефкоска е студент на четврта година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Катедрата за англиски јазик и книжевност. Со пишување се занимава од најрана возраст. Во 2019-та година ја издаде новелата „Сѐ она што никогаш не можев да ти го кажам” за која доби „Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература” од здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН – БИТОЛА. Има освоено прво место за есеј на државно ниво на конкурс од страна на УСАИД, „Златна Плакета” за поетска творба од Меѓународната манифестација „Вилијам Шекспир” и др.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена