Поврзи се со нас

Занимливости

Мон Блан намален за 2,22 метри во рок од две години

Објавено

на

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, е висок 4.805,59 метри, или 2,22 метри помалку од претходното мерење во 2021 година. Оваа разлика може да се должи на варијации на летните врнежи и е веќе забележана во минатото, изјави францускиот геодетски експерт Жан де Гар на прес-конференција во Шамони.

Тој рече дека собираат податоци за идните генерации. „Не сме таму да ги толкуваме, тоа им го оставаме на научниците“, истакна Де Гар.

Опремени со најсовремени алатки и за прв пат со дрон, тим од околу 20 луѓе кон средината на септември во осум насоки се искачи на врвот на Западна Европа во близина на француско-италијанската граница.

Тие неколку дена спроведуваа мерења и бележеле точка по точка на врвот на Мон Блан.

Тоа е 12-та акција на експедицијата, чија цел е собирање научни податоци за влијанието на климатските промени на Алпите, во рамките на иницијативата покрената во 2001 година.

„По неколку експедиции и мерења научивме многу: знаеме дека врвот е во постојано движење како во висина, со варијации од речиси пет метри, така и по положба“, рече Де Гар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена