Гостивар
МОН понуди 10% покачување на платите на наставниците, на потег е Синдикатот
Владата и Министерството за образование излегоа со предлог до СОНК, кој предвидува покачување на платите на просветните работници за дополнителни 10%, почнувајќи од април 2020-та година. По средбата на која се преговараше за платите, од Синдикатот рекоа дека ќе го разгледаат новиот предлог и ќе дадат свој одговор до крајот на неделава.
„Советот на СОНК треба да расправа по овој предлог и ќе ни бидат потребни неколку денови за да кажеме дали сме задоволни со ова или не.“, изјави по средбата претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков.
Министерот за образование Арбер Адеми ја нарече понудата за плус 10%, историска.
„Денес имавме конструктивна средба и ова е историско покачување на платите во образованието.“, рече министерот.
На денешната средба присуствувал и премиерот Зоран Заев, а беше најавено дека утре Владата ќе ја усвои одлуката за зголемување на платите од 10%, од април 2020-та.
СОНК бараше покачување за 25%.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград