Гостивар
Моторџиите не носат кациги, низ улиците се вози пребрзо, паркира кој каде стаса…

Периодов се бележи зголемена фреквенција на возила низ улиците и патиштата во полошкиот регион. Од СВР Тетово нагласуваат дека полициски службеници секојдневно преземаат засилени контролни активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот.
Вчера (25 јули) од 17 до 23 часот спровеле контрола на мотоцикли, при што биле констатирани и санкционирани вкупно 14 прекршоци (Тетово-12 и Гостивар-2) од кои поголемиот дел, биле за некористење на заштитен шлем (кацига). Во текот на вчерашната контрола биле констатирани и 47 останати прекршоци.
Исто така, вчера во периодот од 8 до 20 часот при засилени мерки и контроли биле констатирани и санкционирани 15 прекршоци (Тетово-8 и Гостаивар-7) пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. Поради погрешно и непрописно паркирање на возилата, од страна на тетовската пајк служба биле подигнати 27 возила, кои биле паркирани поголемиот број во двоен ред на коловозот, пешачки премини крстосници и тротоари, при што го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. На сите возачи – прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци додека оние најбрзите кои ја пречекориле брзината ќе се соочат и со заштитна мерка ,,Забрана за управување,, во рок од 3 до 12 месеци зависно од големината на пречекорена брзина.
СВР Тетово постојано го потенцира апелот до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да ја прилагодат брзината според условите на патот и пропишаните правила, имајќи предвид дека годинава, исто така, причина за најголемиот број од сообраќајните незгоди, најчесто оние незгоди со потешки последици, била брзината на движење.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!