Поврзи се со нас

Македонија

На Германија и` требаат квалификувани работници – од напролет полесно до виза

Објавено

на

Германија важи за една од најчестите европски земји, кадешто граѓаните на Македонија заминуваат на работа. Годишно околу 10 илјади граѓани добиваат визи за оваа земја. Најавените законски измени за олеснување на добивање работна виза, што се очекуваат напролет, уште повеќе го зголемуваат интересот да се побара среќата на германско тло. Проценките се дека актуелно во Германија има над еден милион слободни работни места за различен кадар, а недостига квалификувана работна сила.

Со истиот проблем се соочува и домашниот бизнис. Како да се најдат квалификувани работници во услови кога најголем дел од младите предност му даваат на факултетското образование, а ретко кој изучува занает и вештини. „Иако се работи за две земји различни по големина и економски перформанси и двете се соочуваат со заеднички предизвици, меѓу кои е и посочениот проблем со обезбедување квалификувана работна сила и заедничките напори за подигнување на јавната свест кај родителите и учениците за можностите за соодветна пристојна заработувачка не само со диплома за завршено високо образование, туку и со поседување на определени вештини кои се работат „со раце“., изјави Ото Граф, заменик-амбасадор во Амбасадата на Сојузна Република Германија на прес-конференција во Стопанската комора на тема: „ Kако максимално да се искористат капацитетите за соработка со Сојузна Република Германија, како наш најголем партнер во меѓународната трговија?“.

Елена Милевска Штрбевска, главен советник на Управниот одбор на Комората за правни прашања, истакна дека Германија е стратешки економски партнер, што се докажува со фактот  дека во земјава успешно функционираат околу 200 компании со германски капитал, коишто вработуваат близу 20 илјади лица, сo трговска размена што изнесува над 4 милијарди долари.

„Во насока на пораст на инвестициите, како и на производството и извозот, е и иницијативата за спречување на масовната миграција на младото работоспособно население од земјава и решавање на проблемот со недостиг на квалификуван стручен кадар во согласност со потребите на бизнисот, која беше покрената од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, токму на иницијатива на повеќе компании со германски капитал кои работат во земјава.“, рече Милевска Штрбевска.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена