Поврзи се со нас

Гостивар

На гостиварско подрачје лани над 8.820 сообраќајни прекршоци

Објавено

на

Во текот на минатата година полициските службеници на СВР Тетово откриле и соодветно санкционирале  вкупно 28.533 различни видови сообраќајни прекршоци (Тетово—19.707 и Гостивар-8.826) или 1838 повеќе во споредба со претходната 2022 година, покажуваат податоците од одделението за аналитика.

Во овој период, а поради констатирани прекршоци, односно пропусти и недостатоци, од сообраќај се исклучени 8257 возачи (ТЕ-2790 и ГВ-5467), како и 1113 возила (ТЕ-653 и ГВ-478). Значителен број од исклучените возачи 1.099 (ТЕ-564 и ГВ-535) биле поради тоа што ги управувале нивните возила под дејство на алкохол.

Лани, исто така, биле санкционирани и 3.998 возачи (ТЕ-2961 и ГВ-937) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина во и надвор од населено место, меѓу кои не мал број од нив и за над 50 и 70 километри на час, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

„Секторот за внатрешни работи Тетово со несмален интензитет и годинава продолжува со контролни активности во чие средиште се брзината, управувањето под дејство на алкохол, недавање предност на пешаци, непрописно престигнување и друго. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила, пребрзите возачи и оние кои непрописно престигнуваат или ги управуваат возилата без положен возачи испит или под дејство на алкохол.“, посочуваат од полицијата.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена