Гостивар
На подрачјето на Општина Врапчиште 19 лица се во самоизолација
Локалниот кризен штаб на Општина Врапчиште идентификувал 19 граѓани на територијата на општината, кои допатувале од странски земји кадешто има коронавирус. Лицата добиле насоки и препораки за самоизолација во период од 14 дена.
Како што соопшти општината: 5 се од селото Градец, 2 од Сенокосе, 5 од Неготино полошко и 7 од Калиште.
При појава на евентуални симптоми граѓаните коишто се во самоизолација треба да се јават во Центарот за јавно здравје 076 / 365-161 или во локалната канцеларија за управување со кризи 072 / 246-666.
„На сите лица им е укажано дека Министерството за внатрешни работи ќе преземе соодветни казнени мерки доколку се прекрши самоизолацијата“, наведуваат од општината.
Во екипата на Кризниот штаб на Општина Врапчиште којашто била во обиколка на лицата во самоизолација се: Мухамедали Хајредини – лекар, Ибрахим Мамути-општински службеник, како и претставници од Полициската станица Галате, Центарот за јавно здравје и граничната полиција.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ