Македонија
Националната мрежа на земјоделци со 8 барања до Владата: Штетите се катастрофални

Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода на цела територија на државата. Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци појаснува дека климатските промени ја направија штетата на производите. Високите температури и дождови се причина за појава на болести и штети на земјоделските култури.
Забележува дека годинава ќе има слаби приноси на грозјето, а со слаб квалитет сe и приносите на пченица и јачмен, а истото се очекува за кочанскиот ориз и ресенското јаболко.
„Се нанесоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури, што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100 проценти. Сега земјоделците се наоѓаат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната“, вели Каракашев.
Националната мрежа на земјоделци до Владата достави вкупно осум барања. Побараа да бидат ослободени од воден надоместок, усогласување на цените, производни цени на сите земјоделски култури, а кочанскиот ориз да се прогласи за стратешка култура. Барањата ги доставиле пред десеттина дена, а одговор се уште немаат добиено.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!