Поврзи се со нас

Вести

Над 2.700 лица со години „заглавени“ на листата на невработени во Гостивар

Објавено

на

Патот до наоѓање стабилно и добро работно место за голем број граѓани не е лесен, туку долг и полн со препреки. Доста често, од оформувањето на образованието до вработување, поминуваат повеќе години. Се случува и огласите во кои се бараат работници да содржат услови како „невозможна мисија“, на пример се бара млад кандидат кој исто време треба да има неколку години работно искуство.

Според последните податоци од Агенцијата за вработување во регионот на Гостивар, регистрирани се вкупно 6.204 невработени лица, од кои 2.167 се од женски пол. Над 340 лица чекаат вработување повеќе од осум години, додека 646 се на листата на невработени по четири до пет години. Најголем е бројот на граѓани кои се без вработување по три години – вкупно ги има 1.721. Останатите чекаат работа по една, две години или неколку месеци.

Активните баратели на работа во Гостивар има од различни профили: дипломирани на Јавна администрација, правници, јазичари, медицински персонал, технолози, ветеринари, електроинсталатери, економисти и други.

Што се однесува до огласите за вработување на гостиварското подрачје, моментално отворени се петнаесетина работни места. Се бараат продавачи, медицинари и друго.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена