Култура
„Литературни искри“ Гостивар: До сега над педесет пријавени поети

За две недели, над педесет поети од земјава и странство се пријавиле на конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар. Организаторите од Здружението за култура и заднички вредности „Слово 21“, велат дека се задоволни од досегашниот одзив и потсетуваат дека конкурсот трае до 11-ти април.
„И оваа година бележиме голем интерес за учество на фестивалот. Творби почнаа да пристигнуваат уште во првиот ден на објавување на конкурсот. Како организатори не` радува да има силна конкуренција и моќни поетски гласови. Ја користиме оваа прилика повторно да ги поканиме сите заинтересирани поети од нашата земја и од балканските земји да се пријават со свои песни“, велат од Здружението.
Поетите се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање на три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик). Темата и формата на песните се слободни. Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: [email protected]., заедно со лични податоци за авторот во еден WORD документ.
„Сакаме да нагласиме дека e многу важно целосно да се испочитуваат правилата наведени во конкурсот, па апелираме поетите внимателно да го разгледаат и да обрнат внимание на сите точки.“, напоменуваат организаторите.
Изборот на најдобрите поети кои ќе ги понесат фестивалските награди, како и на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка на фестивалот ќе го направи жири комисија, чиј состав ќе биде објавен заедно со резултатите.
МПФ „Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај.
Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?