Поврзи се со нас

Култура

„Литературни искри“ Гостивар: До сега над педесет пријавени поети

Објавено

на

За две недели, над педесет поети од земјава и странство се пријавиле на конкурсот за  Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар. Организаторите од Здружението за култура и заднички вредности „Слово 21“, велат дека се задоволни од досегашниот одзив и потсетуваат дека конкурсот трае до 11-ти април.

„И оваа година бележиме голем интерес за учество на фестивалот. Творби почнаа да пристигнуваат уште во првиот ден на објавување на конкурсот. Како организатори не` радува да има силна конкуренција и моќни поетски гласови. Ја користиме оваа прилика  повторно да ги поканиме сите заинтересирани поети од нашата земја и од балканските земји да се пријават со свои песни“, велат од Здружението.

Поетите се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање на три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик). Темата и формата на песните се слободни. Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com., заедно со лични податоци за авторот во еден WORD документ.

„Сакаме да нагласиме дека e многу важно целосно да се испочитуваат правилата наведени во конкурсот, па апелираме поетите внимателно да го разгледаат и да обрнат внимание на сите точки.“, напоменуваат организаторите.

Изборот на најдобрите поети кои ќе ги понесат фестивалските награди, како и на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка на фестивалот ќе го направи жири комисија, чиј состав ќе биде објавен заедно со резултатите.

МПФ „Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена