Македонија
Најавени протести на здравствените работници

Од Независниот синдикат на здравствените работници и административно – техничкиот персонал денеска повторно побараа подобри услови за работа на членството и најавија протести, на 17 и 24 ноември и на 2 декември. Бараат зголемување на платите за 30 отсто, на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж и трансформација на договорите на определеното работно време со неопределено.
Боби Бојчевски, претседател на НСЗР претстави три предлози како да се надополнат буџетите во Министерството за здравство и Фондот за здравство.
„Оданочување од 40 отсто на високата плата на функционерите, бидејќи во овие услови се енормни високи. Потоа, здравствените установи затоа што не се профитабилни организации, да се ослободат од индустриска вода и струја, да плаќаме како обичниот граѓанин. Го поддржуваме министерот за здравство Фатмир Меџити, во тоа да се укинат двојните директори на Клинички центар и управните одбори“, рече Бојчевски.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград