Регион
Најголемиот носач на авиони во светот „Џералд Форд“ се закотви во близина на Сплит

Гордоста на американската морнарица, најсовремениот носач на авиони на нуклеарен погон „USS Gerald R. Ford“ утрово се закотви во близина на Сплит, пренесува Јутарњи лист.
„Џералд Форд“ е најновиот и најголемиот носач на авиони во американската морнарица, но и најголемиот воен брод во историјата кој е пуштен во употреба.
Тој е првиот носач на авиони во својата класа (наречена по него – „Форд“ класа), а во оперативна служба беше прифатен во 2017 година.
Развојот на бродот траел со години, а вкупните трошоци се искачиле на дури 13 милијарди долари (без да се вклучат парите потрошени за развој на целата класа).
Бродот е со гигантски размери – долг е 337 метри, висок 76 метри, а неговата носивост надминува 100.000 тони.
Се напојува со два нуклеарни реактори, кои му овозможуваат да плови речиси 25 години пред да го замени нуклеарното гориво.
На бродот има повеќе од 4.500 морнари и друг персонал, вклучувајќи пилоти и луѓе кои управуваат со сите авиони на бродот (вкупно до 75 авиони и хеликоптери).
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден