Поврзи се со нас

Македонија

Неделков: Сакам да бидам оптимист дека за 10 дена ќе најдеме решение

Објавено

на

„На почеток на преговорите сме, односно за волја на вистината, што е добар сигнал, продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме“, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

– Реално сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници. Ние ја отворивме Пандорината кутија за подигнување на работничката свест, за подигнување на барањата на работниците во однос на почитување на законите и колективните договори, особено овој закон за минималната плата, со кој апсолутно секој работник во државата е засегнат. Тоа е можеби најголемиот успех што СОНК го направи во име на сите работници во државата. Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор, рече Неделков.

Неделков потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена.

– Десет дена ни е рокот за усогласување на ставовите по однос на медијацијата. Постои законска одредба, кога еден од партнерите не е задоволен од постигнатите резултати, поднесува барање за продолжување за десет дена. Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот, рече тој.

Потсети дека во петокот првично имале работна средба со МОН и медијаторот, кој што по службена должност беше предложен од МТСП, на кој биле утврдени начинот на разговорите, принципите што значи медијација, кои се надлежностите на медијаторот. Втемелени биле барањата, кои што СОНК писмено ги има доставено до МОН .

Во однос на учебната година, Неделков рече дека работа на Бирото за развој на образованието е да процени колку наставни часови им фалат на наставниците и да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон.

– Постои основ, министерот за образование има дискреционо право по 100 одработени наставни денови да ја верифицира годината како завршена, не постои опасност од кршење на некој закон дека не се реализирани 180 наставни денови, изјави Неделков

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 7 минути

Субвенции за покачување на платите во приватниот сектор за 3.000 до 10.000 денари

Вестипред 38 минути

Православен празник во спомен на Светиот апостол Матеј

Занимливостипред 12 часа

Расположението се менува и под влијание на боите

Гостиварпред 15 часа

Матевска: Ние сме единствена земја во светот каде пензионерите протестираат, не се издржува!

Македонијапред 17 часа

Од 1.500 до 3.000 денари месечно државна помош за пензионерите со ниски пензии

Македонијапред 18 часа

Антикризни мерки: За ученици по 20/30 евра месечно, за студенти ваучер за превоз…

Македонијапред 19 часа

МВР трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, објавени фотографија и опис

Македонијапред 20 часа

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 21 час

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 6 дена

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена