Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Нема изговор – Појадокот задолжителен оброк најдоцна два часа по будење

Објавено

на

 

Утрото речиси за сите е динамичен период во кој сме растрчани во подготовки за дневните обврски: работа, училиште…Поради тоа појадокот често паѓа на дното на нашата листа на утрински приоритети. Лекарите јасно и гласно кажуваат дека изговори не треба да има и појадокот не смее да се прескокнува. Нутриционистите советуваат дека утринскиот оброк треба да се изеде во рок од  два часа по будењето. Дури и доколку не се чувствувате гладни, како што е случај со повеќето луѓе наутро, мора да појадувате, за да обезбедите енергија, покренување на организмот, концентрација.

Она што многумина од нас го грешат е изборот на пециво за појадок. Нутриционистите се децидни и велат не за кифли, крофни и било какви пецива за појадок. Наместо тоа одберете јогурт со некое овошје ако сте во брзање, а доколку имате време подгответе си јајца кои се извор на протеини и хранливи материи добредојдени за старт за денот.

Овесната каша исто така е секогаш добар избор за наутро. Богата е со омега 3 масни киселини и калиум и докажано е дека го смалува нивото на холестерол во крвта.

За солиден појадок се смета и една банана, ако баш немате време и прилика за нешто друго.

Она што е интересно е докажаниот факт дека луѓето кои појадуваат многу полесно ја регулираат тежината и не се дебелат за разлика од оние кои го прескокнуваат појадокот. Се разбира само ако станува збор за здрав оброк.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена