Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Најубавата боза ја прават гостиварските слаткари

Објавено

на

Рецептот за бозата, освежителен пијалок, омилен на многу луѓе бил измислен пред неколку илјади години. Постојат податоци според кои името на пијалокот „боза“ потекнува од персискиот збор „бузе“, што значи пијалок од просо и ориз.

Бозата се прави од брашно, кое се вари, течноста се прецедува, се лади и се засладува. Потоа се додава квасец по што почнува процесот на ферментација од 24 часа. Вака отприлика е основниот рецепт, но тајната на добрата боза си ја знаат само бозаџиите и не ја споделуваат во јавноста. Гостивар може да се пофали со долга зачувана традиција на создавање боза по рецепти кои се пренесуваат со генерации. Во гостиварските слаткарници со убавите слатки задоволства речиси секогаш се пие чаша добра боза.

Зошто е корисна бозата?

Со оглед на начинот на подготовка, бозата изобилува со пробиотици кои се корисни за дигестивните органи и олеснување на стомачните тегоби. Содржи протеини и минерали како железо, калциум, потоа органски киселини и витамини од Б групата. Се препорачува за пиење и за подобрување на видот, потоа регулирање на крвниот притисок, против главоболка и после напорна физичка активност.

Ако од текстот ви се јави желба за вакво освежување, знаете што треба да направите – тркнете до слаткарница и почестете се со чаша гостиварска боза.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена