Поврзи се со нас

Култура

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Објавено

на

Посетителите на вечерашната изложба во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар беа дел од уникатно доживување-перформанс, создавање на уметничко дело пред нивните очи. Ликовната уметница Бојана Артиновска се реши на ваков пристап со цел да го приближи уметничкиот чин до публиката.

„Моето тело е рецептор, ова дело ќе биде заедничко. Ќе оставам вашата намера и љубов да прострујат низ мене. Учествувајте во создавањето, следете ги потезите коишто се ваши“, им порача на присутните пред да почне со сликањето, кое се одвиваше на сцената во малата сала и беше пропратено со изведба на тематска музика од авторот Игор Темелковски.

Инаку, изложбата со којашто Артиновска се претстави во Гостивар носи наслов „Вода“ и претставува еден вид ликовно истражување на овој основен природен елемент.

„Поврзувањето со овој витален аспект од природата може да не научи важни лекции за нашиот внатрешен и надворешен свет. Водата претставува флуидност, сензуалност, радост, способност „да се оди со тек“, слобода, како и моќ на креативноста. Секојпат кога ќе се поврземе со водата и ќе ја подигнеме нејзината енергија во нас, ние исто така ги подобруваме овие квалитети во нашите умови и тела. Таа прочистува лекува, трансформира. Како што водата се менува и адаптира, така и ние треба да се препуштиме на животниот тек.“, појасни авторката.

Изложбата „Вода“ содржи петнаесетина платна со различни димензи, изработени во комбинирана техника.

Бојана Артиновска е родена е во Велес, 1977 година. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје завршува во класата на проф. Родољуб Анастасов на отсек сликарство и сценографија.

Член е на ДЛУМ со кое има остварено бројни групни изложби, хуманитарни акции и перформанси. Паралелно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата. Има реализирано повеќе самостојни изложби и добитник е на неколку награди.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 5 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 7 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 8 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 10 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 22 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 24 часа

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 ден

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 1 ден

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена