Гостивар
Ноќна акција за брзо возење, 118 казни на тетовско-гостиварското подрачје

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (25/26 јуни) во рамките на акциската контрола реализирана во периодот од 22 до 4 часот на тетовско-гостиварското подрачје, изрекле вкупно 118 мерки (Тетово-100 и Гостивар-18) за управување на возилата со брзина поголема од максимално дозволената.
Од нив, 61 мерка била за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место, меѓу кои 9 возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час, а 23 возила до 70 километри на час. Покрај ова, биле санкционирани и 57 пречекорувања во населено место, од кои 5 до 50 километри на час, како и 11 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово со уште еден апел до возачите, да не брзаат зад волан,односно да ја прилагодат брзината според важечките правила и прописи и условите на патот и непосредно да придонесат за посигурни патишта на подрачјето.
„Ова, уште повеќе што од неодамна започна период на зголемена сообраќајна фрекфренција, која наредните денови значително ќе се интензивира, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралата Гостивар-Кичево, но и на околните регионални патишта и тетовските и гостиварските улици.“, нагласуваат од СВР.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја