Поврзи се со нас

Гостивар

Носете си лична карта за во аптека, државата гарантира дека лекови ќе има преку цел месец

Објавено

на

Од утре започнува да важи укинувањето на квотите за лекови на рецепт, што значи дека во аптеките би требало да има лекови за граѓаните на државен трошок преку целиот месец. За да го подигнат лекот, граѓаните задолжително ќе треба да се легитимираат со лична карта или со пасош.

„Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека, во кое било време без разлика дали е почеток или крај на месец. Се елиминираат турканиците во првите денови од месецот заради препишување на рецепти. Легитимирањето, сепак не значи дека постарите лица кои не можат да дојдат до апетка и помладите од 18 години ќе останат без лековите. Во нивно име ќе можта да ги подигнат нивни блиски“, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.

Владата смета дека со оваа реформа ќе се спречат злоупотреби со издавање лекови без реални потреби, како и со создавање домашни залихи од пациентите од страв дека на крајот од месецот може да го снема нивниот лек.

„Мерката е многу значајна заради тоа што дефинитивно отстранува една тешкотија со која живееја граѓаните. Јас верувам дека заедно со целиот пакет мерки што ги воспоставуваме во здравствените услуги се отвора процес за обезбедување поквалитетно здравство за сите. Достапноста и навремениот пристап до лекови за граѓаните е многу значајна работа како дел од здравствениот систем како приоритет владата за сите граѓани од различни возрасти“, рече премиерот Зоран Заев.

„Со достапни лекови во секое време, како и воведување на нови лекови, вработувања, зголемени плати и дежурства на здравствените работници, со подобрување на условите во јавните здравствени установи, како и максимална грижа за пациентите го враќаме достоинството во јавното здравство, за задоволни пациенти и задоволни здравствени работници“, потенцираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена