Гостивар
Нова сезона, нова нафака – КК Гостивар го почнува првенството!
Поминаа 133 дена од последниот официјален натпревар на „бело-сините“ во минатата сезона. По повеќе од четири месеци пауза, КК Гостивар влегува во нова натпреварувачка сезона. Викендов започнува трката по 28-тата шампионска круна во Првата кошаркарска лига, овојпат на Северна Македонија.
Позади екипата на КК Гостивар, има повеќе седум недели подготовки. „Бело-сините“ имаа период на напорни тренинзи, т.е јаки подготвителни натпревари против квалитетни противници. Тимот на Марјан Србиноски во тие натпревари покажа изразита стабилност и висока ефикасност со атрактивна и течна игра, која сигурно ќе биде уживање за оние кои ќе ги следат натпреварите на гостиварскиот прволигаш.
„Веруваме во фантастичната желба на овие момци, ги прифатија условите во клубот и градот, прифатија да се борат за нашиот дрес. Многу напори вложивме да имаме конкурентен тим и прволигаш со кој можеме сите да се гордееме. Тоа е најмалку што може да направиме на нашиот град. КК Гостивар е на сите вас, дојдете сите заедно да уживаме во уште една сезона, која со сигурност ќе донесе многу возбуда и радост. Посакуваме со победа да ја започнеме новата сезона“, велат од КК Гостивар.
Тимот на гостиварци сезонава претрпе неколку измени во ростерот, доведени се Донован Доналдсон, Ѓорѓе Џелетовиќ, Арсеније Вучковиќ, Оливер Тасков и Александар Штерјов како нови засилувања. Но, задржан е костурот на тимот кој донесе многу убави моменти минатата сезона. Александар Костоски, Ренато Димитриески, Роберт Димитриески, Диме Тасоски, Ивица Димчевски, Милан Димитриески, потпомогнати со „свежа крв“ односно младинците од школата на КК Гостивар, Таулант Ибраими, Кристијан Столески, Марко Пецаноски, Александар Ристоски, се кошаркарите кои ќе ја водат главната битка во првенството. Од клупата ќе координираат Србиноски со помошниците Јаковчески и Димитриески.
Во првото коло ждрепката не беше баш наклонета кон дебитантот во Првата лига, екипата на ФМП Академија. „Академците“, на премиерата треба да истрчаат на паркетот во Младост, во најкошаркарскиот град, пред најкошаркарскта публика во државата, против полуфиналистот од Ф4 минатата сезона.
Натпреварот е закажан за сабота од 18 часот, влезници може да се набават во B&B Tobacco и на благајна пред почетокот на мечот.
За КК Гостивар и не е толку важно против кого ќе ја започне новата сезона, победа, максимална пожртвуваност и борбеност, задоволна публика е императив против секој противник кој гостува во Младост. Веруваме дека така ќе биде и во новата сезона.
За Гостивар пак, периодот од 133 дена без најпозитивниот настан, кој во континуитет носи радост и возбудливи моменти последниве години е премногу!
„Која позиција кој треба да игра“, „кој играч треба да го стави Марче“, „кого требаше да донесе клубот“, „ќе бега ли уште некој преку ноќ“, „колку пари има клубот“, „како треба да се игра одбрана“, „колку сме брзи доле, колку сме ниски горе“, „колку првенства ќе освоиме сезонава..“, се дел од неисцрпните теми, кои веќе се секојдневие и на големо се елаборираат и дискутираат помеѓу гостиварци и многу, многу, ретко некој да не е во право.
Што ќе донесе новата сезона, никој не може да знае, дека Гостивар никогаш нема да се предаде, тоа е сигурно!
„Бело-сино“ семејство, со среќа!
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград