Гостивар
Нови протести во Бањица: Ако треба во Стразбур ќе ги браниме нашите ниви!
Жителите на Долна и Горна Бањица по петти пат излегоа на протести во знак на револт за работите за изградбата на Коридорот 8. Тие од утрово се лоцирани на патот што води до градилиштето кадешто работат вработените во „Бехтел и Енка“, најавувајќи дека ќе останат до вечер, а со протест ќе продолжат и во следните денови.
Тие искажуваат незадоволство од начинот на експропријација на нивните ниви за надоместок од 650 денари за квадратен метар, за што велат немаат никакво објаснување од институциите.
„Не сме задоволни што се работи во нашите села, никој не презема мерки за нас како граѓани. Не ни е јасно зошто ни ги земаат нивите, и никој не ни кажува. Над 600 илјади квадратни метри земјиште се одзема, без никој да ни објасни, надлежните не ги интересира за нас. Разочарани сме што не се најде никој од надлежните да не повика и да ни објасни што се работи со нашиот имот. Околу 80% од жителите живееме само од земјоделие, а нивите ни се одземаат“, рече на протестот жител на Бањица, Абдулаќим Асипи.
Жителите најавија дека ќе продолжат со протести и ќе ги искористат сите законски можности да го сочуваат своето земјиште.
„Продолжуваме со протести, законски ќе делуваме, како кажува законот така, ќе го почитуваме, но нема да се откажеме. Ќе се бориме до крај, ако треба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе одиме, ќе тужиме. Ќе направиме максимално се‘ што можеме’, нагласи Асипи.
Бањичани повторуваат дека се револтирани што никој од надлежните институции не ги информирал дека ќе стартува таков проект и дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето за минимален надоместок.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди