Поврзи се со нас

Гостивар

Нови униформи за пожарникарите во Гостивар за празникот 20 мај

Објавено

на

Пожарникарите од Противпожарната едниница во Гостивар се подновија со униформи. Локалната самоуправа обезбеди комплет дневни униформи со обувки за сите 45 вработени. Денешниот празник, 20 мај што се одбележува како Ден на пожарникарите беше искористен како повод за промовирање на донацијата.

„Се работи за летни и зимски дневни униформи, кои се донација од Општина Гостивар. На сите пожарникари им го честитам денешниот празник и им посакувам добро здравје и успех во работата“, рече командирот на Противпожарната единица во Гостивар, Јусуф Бајрами.

Зборувајќи за својата професија, пожарникарите велат дека се соочуваат со секакви предизвици и проблеми на терен, но дека најважна е соработката со граѓаните.

“Се разбира дека на терен имаме секакви ситуации, но сепак може да кажеме дека со граѓаните имаме добра соработка. И јас и моите колеги, својата работа ја вршиме со голема волја, а денешниот ден за нас има посебно значење како Ден на пожарникарите“, рече пожарникарот Ерѓул Исени.

Изминатиот период во објектот на Противпожарната единица во Гостивар беа преземени  зафати за подобрување на условите. Старите прозорци се заменети со нови, а инсталиран е и нов систем за парно греење. Следна инвестиција треба да биде реконструкција на покривот на зградата.

Во време на пандемијата гостиварските пожарникари заедно со екипите на комуналното претпријатие работат на миење на градските улици, а вклучени се и во доставувањето на хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 32 минути

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 1 час

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 2 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 4 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 4 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 17 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 19 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 24 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена