Поврзи се со нас

Македонија

Новинарски здруженија и организации: Политички консензус за медиумска корупција преку злоупотреба на европско знаменце

Објавено

на

Ние, професионалните новинарски организации и граѓанските здруженија од медиумскиот сектор во Македонија, категорично се спротивставуваме на обидите за враќање на државното рекламирање во медиумите пред изборите, спроведени преку скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце. Станува збор за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка кој е на второ читање во Собранието. Алармираме дека планираната измена на овој закон претставува сериозно нарушување на основните демократски процеси преку коja се загрозува улогата и независноста на медиумите и на медиумскиот регулатор.

Посебни проблеми во ова несреќно законско решение на кои укажуваме се:

Партиско влијание и зависност на медиумите: воведувањето на државните кампањи во медиумите, особено во предизборен контекст, може да се толкува како обид за партиски поткуп и создавање на зависност на медиумите, што сериозно ја компромитира нивната независност и медиумскиот плурализам, а со тоа и изборниот процес кој следи.

Нарушување на медиумскиот пазар и на евро-интегративните процеси: злоупотребата на европското знаменце и примената на скратена постапка за промена на законите за медиумите ја избегнува потребната парламентарна дебата, нарушувајќи ги принципите на отчетност и транспарентност и на избегнување на партиското влијание.

Игнорирани критики од експерти и меѓународни организации: медиумските експерти и меѓународните организации,  повеќе пати, изразија сериозни забелешки на предложените законски измени, оценувајќи ги како несинхронизирани со ЕУ директивите и штетни за медиумскиот пејзаж и јавниот интерес во Македонија.

Противуставност на предложените измените: дел од предложените измените се во директен судир со основните уставни права на слобода на изразување и информирање, создавајќи нееднакви услови на пазарот за различен тип на медиуми и поткопувајќи ги принципите на рамноправност и транспарентност.

Поради ова, бараме итно повлекување на предложените законски измени и апелираме до политичките партии да ги земат предвид нашите забелешки и предупредувања. Сметаме дека е крајно време да се формира Фонд за плурализам во медиумите, кој би поддржал квалитетно новинарство и разновидна програмска продукција во спротивност на државното рекламирање кое служи како алатка за политички влијание и контрола, како и да се земат предвид другите предложени можности како што е даночното ослободување за новинари и медиумски работници.

Предложените решенија за кои се залагаме би овозможилe финансиска поддршка на медиумите без влијание на политичките агенди, обезбедувајќи рамнотежа и поддршка за независно и објективно известување, која е суштинска за здравата демократија и информираност на јавноста, а истовремено отвораат можност за воспоставување на механизми за гарантирање дека средствата ќе се користат и за подобрување и на квалитетот на новинарството и на социо-економската состојба на медиумските професионалци.

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Македонски институт за медиуми (МИМ)

Институт за истражување на општествениот развој (РЕСИС)

Институт за комуникациски студии (ИКС)

Центар за развој на медиумите (ЦРМ)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Излезеноста на претседателските избори до 13 часот на државно ниво е 23.95 %

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Во Гостивар до 13 часот на парламентарните избори гласале 17,25 %, на претседателските 11,99 % од гласачите

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Јавното обвинителство со оценка за изборниот процес

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Оценка на МВР за досегашниот тек на гласањето

Вестипред 3 часа

„АстраЗенека“ ја повлекува својата вакцина против Ковид, неколку месеци по признавањето за нуспојави

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови

Гостиварпред 6 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

На изборите може да гласаат и граѓани со лични документи чија важност истекла во периодот од 9 месеци

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Целосно упатство за гласање

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена