Вести
Објавен тендерот за фирма која ќе го спроведува зонското паркирање во Гостивар
По шест месеци од укинувањето на зонскиот паркинг во Гостивар, гостиварската локална самоуправа прави нов обид да воспостави ред со паркирањето во градот. Јавното претпријатие за градски паркинг и зеленило преку тендер бара фирма која ќе го воспостави, стопанисува и одржува системот за зонско паркирање. Проценетата вредност на тендерот, кој опфаќа период од една година е 1,2 милиони денари, а главен критеирумот за избор е најниската цена. Во огластои стои дека системот треба да обезбеди можности за плаќање на паркинг услугите со СМС пораки и со билети и примена на мерки за справување со непрописното и илегално паркирање. Во работните денови платен паркинг ќе има од 7 до 21 часот, во саботите од 7 до 14 часот, додека во неделите и за празници паркингот ќе биде бесплатен.
Гостивар е без зонски паркинг од февруари годинава, кога новото општинско раководство го раскина договорот со фирмата која до тогаш го спроведуваше. Како причина за тоа беше наведено дека постоеле злоупотреби од претходната власт кои оделе на штета на претпријатието, а во корист на фирмата.
Договорот се раскина, а граѓаните од тогаш бесплатно користат паркинг. Сетоа тоа доведе до сообраќаен хаос низ улиците, на кој реагираа возачите, не се внимава ни каде, ни колку се оставаат автомобилите паркирани.
Тендерот се затвора на 16 јули, по што ќе следуваат останатите процедури. Кога повторно ќе профункционира зонското паркирање во Гостивар, се` уште не може прецизно да се каже.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди