Занимливости
Очилата со ВИ набргу ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето

Очилата опремени со вештачка интелигенција во блиска иднина ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето, на пример – способност да знаат кога некој ги лаже или некого привлекуваат.
Иако сѐ ова на мнозина им изгледа како научна фантастика, футуристот Девин Лидел е убеден дека технологијата сѐ побргу ќе напредува. Во изјава за „Дејли мејл“, Лидел вели дека компјутерските системи за вид вградени во очилата ќе можат да ги соберат емоционалните знаци и нијанси што се невидливи со голо око. Тој верува дека оваа проширена реалност во комбинација со ВИ „ќе го преобрази општествениот пејзаж“ за луѓето.
„Во иднина технологијата ќе може да им помогне на луѓето да откријат секакви физиолошки и психолошки информации за другите луѓе, како на пр. кога некој лаже или дали Вашиот партнер е навистина заљубен во Вас. Очилата би можеле да бидат исклучително клучни во многу области од нашиот живот, а тие „суперсили“ ќе може да се користат во сите видови општествени односи, од политички преговори до работа, па дури и излегување на состанок“, вели Лидел.
Според него, рана употреба ќе резултира со сценарија каде што само една личност има супермоќи, што би било неправедно кон другата личност, па фер ќе биде ако секој добие такви очила.
Од одредени морално-етички причини, би можело да се очекуваат и барања за забрана на таква технологија. Но, стручњакот вели дека со соодветна регулација, таа би можела да стане и помала и поевтина, но и достапна за повеќе луѓе.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!