Вести
Од Гостивар испратена порака за детство без пречки
Караванот на УНИЦЕФ денес во Гостивар организираше мини филмски фестивал под мотото „Караван за детство без пречки“, посветен на децата со посебни потреби. Во салата на Центарот за култура пред ученици и наставници од гостиварските училишта беа прикажани меѓународни анимирани филмови на теми поврзани со попреченост кај децата и различностите.
„Преку кампањата ги промовираме правата и способностите на децата. Сметаме дека секое дете има право на развој, има право на радосно детство и треба да му бидат овозможени сите услови да го даде најдоброто од себе. Филмовите кои денес се прикажаа за децата во Гостивар зборуваат за тоа како децата може да бидат сакани и да имаат пријатели без оглед на нивните способности“, изјави Елзбет Ериксон, заменик претставик на УНИЦЕФ во Македонија.
На отворањето на манифестацијата се обрати и градоначалникот на Гостивар, Арбен Теравари кој истакна дека децата со попречености треба да имаат силна поддршка од сите институции и целото општество.
„Треба сериозно да размислиме за методот на инклузија и децата кои имаат пречки во развојот да се вклучат во институциите заедно со другите деца. Верувам дека во наредните години ќе почнеме да го применуваме овој метод за децата со посебни потреби, онака како што е практика во развиените земји“, рече Таравари.
Караванот на УНИЦЕФ, кој се реализира во соработка со Скопскиот филмски фестивал, претходно прошета низ неколку други градови во Македонија, а беше заокружен токму со денешниот настан во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар