Вести
Од утре почнува Богородичниот пост

Од утре (14 август) почнува Богородичниот пост, кој трае до 28 август, а е востановен пред големите празници Преображение Господово и Успение на Мајката Божја.
За време на постот, Црквата налага умерено конзумирање на посна храна и пијалоци. Правилата налагаат од понеделник до петок да биде строг пост, без масло, додека во саботите и неделите е дозволено масло и вино. Риба се дозволува само на празникот Преображение Господово (19 август).
Освен телесниот верниците треба да се придржуваат и до духовниот пост кој подразбира одрекување од грешни и зли мисли, желби и дела, духовна борба против страстите.
Црквата посочува дека постот брзо и јасно му покажува на човекот, дека за неговиот живот е потребно малку, и дека неговото здравје не зависи од преобилна, туку од проста храна и напитоци.
Постот нè прави способни за молитва и размислување за Бога и Божественото. „Кој пости, тој со добар дух се моли“, – вели св. Јован Златоуст.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава