Поврзи се со нас

Македонија

Одбележaна 28-годишнината од формирањето на армискиот Баталјон на специјалните сили „Волци“

Објавено

на

Со формирањето на специјалните сили се означи и почеток на професионализација на Армијата која денес е целосно спроведена и секогаш подготвена да биде гаранција на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска при денешното обраќање на одбележувањето на Денот на баталјонот на специјалните сили на Армијата.

Баталјонот за специјални сили, како што денес е именуван со последната трансформација, познат како „Волци“, според министерката Петровска е единицата во која сите припадници независно дали е војник или старешина поминуваат низ еден процес на селекција кој вклучува специфични критериуми и каде се бара највисок степен на психофизичка  подготвеност.

– Токму благодарение на овие исполнети критериуми кои вие ги поседувате, вие сте првата единица која по членството на НАТО успешно го заврши процесот на оценување на борбаената готовност и со тоа станавте првата единица која ги исполни строгите стандарди на НАТО во оценувањето на обученоста, истакна Петровска.

Во врска со резултатите од оценувањето на припадниците на баталјонот на специјалните сили министерката рече дека единицата покажа оти е достојна за почит и со оцена борбено подготвени.

– Со ова не само што покажувате дека е соодветно избраното мото на единицата „Секогаш и секаде први“, туку вие сте секогаш подготвени да продолжите да вложувате во своите способности и знаења, а тоа е видливо и по вашиот професионализам, резултатите и многубројните признанија кои ги добивате од вашите колеги ширум Алијансата, рече министерката за одбрана и најави дека вакви оценувања ќе има веќе на почетокот на наредниот месец на вежбата „Блесок 22“, каде ќе се оценува борбената готовност на лесно-пешадискиот баталјон согласно стандардите за оценување на Здружената команда за операции на НАТО.

Петровска, исто така, рече дека како министерка ќе продолжи да се заложува за унапредување на условите за работа, за подобрување на животниот стандард и за се она што е потребно за подобро и поуспешно извршување на мисиите и задачите од страна нa припадниците на баталјонот.

– Сите вие кои ја носите оваа униформа со години наназад докажувате дека е гордост да се носи униформата на Армијата на Република Северна Македонија и секогаш сте подготвени да им помогнете на своите граѓани и на државата. И  токму затоа ја имате и најголемата доверба од граѓаните, потенцираше министерката Петровска.

Заменик началникот на Генералштабот на Армијата, Азим Нуредин рече дека Баталјонот за специјални сили е особено значаен не само за Армијата која оваа година одбележува тридецениски јубилеј, туку и за граѓаните затоа што преку професионалноста и беспрекорноста покажуваат посветеност на висината на поставените задачи.

– Ќе се потсетиме дека изминатата година со успешно завршеното оценување на двата тима вие сте права единица по нашата целосна интеграција во НАТО, која отпочна со остварување на целите способност на Армијата и постигнување на целосна оперативна готовност. Оваа година ќе се продолжи со обука и оценување на останатите тимови заради заминливост на истите, додаде Нуредин.

Тој, исто така, потсети на ангажманот на припадниците баталјонот во справување со пандемијата и нивното учество и голем придонес во гасењето на катастрофалните пожари кои ја зафатија територијата на државата минатата година.

– Со учеството на вежбите и заедничките обуки со вооружените сили на сојузничките армии го потврдивте постигнувањето на главната цел – подобрување на способностите за изведување на операции на специјални сили во координација со конвенционалните сили, зголемување на интероперабилноста, јакнењето на меѓусебните односи и доверба меѓу армиите, потенцираше Нуредин.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 10 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 14 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 15 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 16 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 18 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена