Поврзи се со нас

Македонија

ОЈО Скопје и ЗНМ прецизираа насоки за постапување по предмети поврзани со безбедноста на новинарите

Објавено

на

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, која беше назначена да го следи и координира постапувањето во предметите поврзани со безбедноста на новинарите, одржаа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, на кој ги прецизираа надлежностите и начинот на постапување на Хаџи Василева во постапките во кои како оштетени, сведоци или пријавени лица се јавуваат новинари.

Како што соопштија од скопското Јавно обвинителство, на средбата беа презентирани статистички податоци за досегашните евидентирани напади и закани врз новинари, како и напорите и ограничувањата за забрзување на ваквите постапки.

Бубевски истакна дека целта е на овој начин да ја зголемат довербата на граѓаните во Јавното обвинителство, а и јавниот интерес во овој контекст да биде задоволен.

-Заедно ќе ги лоцираме некои од работите кои се поакутни, порелевантни и позначајни кога станува збор за нападите врз новинарите. И сега, без законската рамка која ја чекаме, имаме поле за конструктивна соработка, додаде Хаџи Василева.

Од претставниците на новинарското здружение беше нагласено дека годинава има засилен тренд на напади врз новинари, особено кога станува збор за онлајн напади.

-Не може да се случат суштински општествени промени, ако правдата за новинарите е непостоечка, ако правосудството и медиумите не се ослободат од надворешното влијание, ниту пак ние како новинари би можеле да ја вршиме нашата професија, ако сме во постојан страв за нашата безбедност, рече претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кој изрази задоволство за воспотавувањето на новото ниво на соработка со ОЈО Скопје.

Ова е пилот-проект кој по првпат се воведува во Основното јавно обвинителство Скопје и кој ветува повисок степен на заштита на новинарите и медиумските работници во врска со нивната работа.

-Тенденција на Јавното обвинителство на РСМ е во иднина да се испита можноста обвинители кои ќе го следат постапувањето во предмети поврзани со безбедноста на новинарите да се назначат и во други градови од внатрешноста. Сите јавни обвинителства даваат приоритет во постапувањето по предметите поврзани со безбедноста на новинарите и продолжуваат да ја унапредуваат соработката со новинарските здруженија, со цел да се санкционира секое кривично-правно загрозување на слободата на изразување, стои во соопштението

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена