Вести
Околу 250 граѓани од трите општини во гостиварско извршиле увид во Избирачкиот список
За една недела откако почна јавниот увид во Избирачкиот список, во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Гостивар, се обратиле 256 граѓани да ги проверат своите податоци. Најголемиот дел од нив биле од општина Гостивар, а помалку од руралните, Врапчиште и Маврово Ростуше. Од канцеларијата оценуваат дека интересот за јавен увид е слаб, но сметаат дека тоа се должи на можноста проверката да се изврши преку интернет, што за граѓаните е побрзо и поедноставно.
Од сите, кои до сега извршиле увид, само еден граѓанин го немало во спискот и за него е поднесено барање за запишување. Кај останатите немало потреба за никакви промени и додавање.
Јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2017, трае до 9-ти септември. Може да се врши секој ден, вклучително сабота и недела од 8 и 30 наутро до 19 часот навечер. Последниот ден, како и на 4-ти септември кога е краен рок за пријавување независни кандидати и листи, увидот ќе трае до полноќ. Инаку до сега, за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше нема барање за собирање потписи за независни кандидати.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија