Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар издвојува 1,1 милиони денари за Албанија

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар, денес на вонредна седница донесе одлука за доделување на парична помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес во Албанија. За таа намена од општинскиот буџет ќе бидат издвоени околу 1,1 милиони денари. Дел од средствата ќе се префрлаат како дирекна финансиска помош, а со дел ќе се набават потребни материјални добра, кои ќе бидат доставени во загрозените подрачја.

„Гостивар е град којшто е познат по своето големо срце и сакаме тоа да го покажаме и овојпат. Загубите се големи и човечките животи ништо не може да ги надомести. Сепак, предизвикани се и огромни материјални штети и се надеваме дека со нашиот скромен придонес, ќе успееме барем малку да помогнеме, во рамки на нашите можности. Затоа, ве повикувам вас како советници да ја поддржите одлуката за доделување на средства од општинскиот буџет.“, рече градоначалникот, Арбен Таравари на денешната вонредна седница на Советот, свикана токму по повод земјотресот.

Одлуката за издвојување пари за помош на Албанија беше донесена едногласно. Советот прогласи и триднeвна жалост, од денес до петок.

На седницата, исто така се усвои и одлука за формирање на кризен штаб, во кој ќе членуваат: градоначалникот, директорите на јавните претпријатија, претседателот на Советот, секретарот на општината, директорот на Здравствен дом и командирот на Полициската станица.

Општина Гостивар денес и утре спроведува и хуманитарна акција, во која може да се приклучат сите граѓани и компании. Донациите во вид на нерасипливи прехранбени продукти, средства за хигиена, ќебиња, вреќи за спиење лекови и слично треба да се достават во објектот на Противпожарната служба.

Тим пожарникари од Гостивар од вчера е испратен да пружа помош на терен во Драч, а општината донираше 300 ќебиња.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена