Гостивар
Основниот суд Гостивар ги отвора вратите за граѓани, студенти и ученици по повод Европскиот ден на правдата

Гостиварскиот Основен суд се приклучува кон одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда, 25 Октомври. Целта на воспоставениот Европски ден на граѓанска правда е да се доближи правосудството до граѓаните и тие подобро да се запознаат со работата на судовите и остварувањето на своите права.
„Како и секоја година, нашата држава се вклучува во одбележувањето. По тој повод, Основиот суд Гостивар, почитувајќи ги сите мерки за заштита од ковид, во своите простории на 25 октомври, понеделник, организира Отворен ден за граѓаните. Исто така, информирани се деканите на правните факултети со седиште во Гостивар и поканети се студентите кои ќе можат да ги следат рочиштата кои се одржуваат во судот. Предвидено е и организирано предавање во судот наменето за средношколци. Ова се прави со цел, активностите и работата на судот да се доближат до студентите и средношколците“, информираше Емине Мурати, судија и портпарол на Основен суд Гостивар.
Иницијативата за одбележување на 25 Октомври потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа. Во Гостивар активности по повод Европскиот ден на граѓанската правда, покрај Основниот, ќе организира и Апелациониот суд.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја