Спорт
Остануваат само уште две слободни места за плејофот на Лигата на шампионите

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа завршија натпреварите во групите сегмент А-Д по кои познати се 14 од 16 учесници во осминафиналето.
Според резултатите во плејофот се пласираа Копенхаген и Наполи.
Копенхаген го победи Галатасарај со 1:0 во последното, 6. коло од Лигата на шампионите и го освои второто место во групата А. Така данскиот клуб првпат по сезоната 2010/11 стигна до плејофот во Лигата на шампионите.
За разлика од Копенхаген, Манчестер јунајтед не успеа да ја помине групата, а воедно не успеа ниту да биде трет и со тоа да продолжи во Лига Европа. Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Баерн Минхен со 1:0.
Наполи ја победи Брага со 2:0, Елиф Елмас влезе во 60.минута. Саци во деветтата минута си постигна авто гол, а во 33. стрелец беше и Осимен. Наполитанците обезбедија пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони (ЛШ), како второпласирани во групата Ц, зад Реал Мадрид.
Претходно во осминафиналето место си обезбедија: Арсенал, Атлетико, Баерн Минхен, Барселона, Борусија Дортмунд, Интер, Лацио, Лајпциг, Манчестер сити, ПСВ, Реал Мадрид и Реал Сосиедад.
За последните две места во плејофот претендираат Милан, Њукасл, ПСЖ, Порто и Шахтјор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог