Гостивар
Општина Гостивар по судирот на локалните СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Не сме доделиле благодарници на лидери на партии

По препукувањата меѓу ограноците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар во врска со благодарница доделена по повод 18 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, денеска Општина Гостивар испрати демант. Во продолжение го пренесуваме во целост:
„Како Oпштина Гостивар, демантираме дека сме доделиле плакети или благодарници на некој од лидерите на политичките партии на ниво на Гостивар. Како институција, Општина Гостивар ги покри само трошоците за плакетите кои ги подготви и додели самиот Сојуз на борци на Гостивар. По судирите меѓу двата македонски политички субјекти во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сакаме да им појасниме на граѓаните дека на ниту една политичка личност не сме доделиле плакети во врска со манифестацијата организирана од Сојузот на борците. Жалиме што плакетите не беа на име на Сојузот на борците и во случајов беше злоупотребено името на Општина Гостивар. Ние како институција ќе продолжиме со еднаков третман за сите, без никаков исклучок.“
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден