Македонија
Пад кај претплатниците на кабелска телевизија, сателитската и интернет во пораст

Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги во вториот квартал од 2023 година изнесува 440.500 и споредено со претходниот квартал е намален за 0,40 проценти, а во однос на вториот квартал од 2022 година е зголемен за 1,10 проценти.
Бројот на активни претплатници на кабелска телевизија во вториот квартал од 2023 година е намален за 2,44 проценти во однос на претходниот квартал додека во однос на вториот квартал од 2022 година може да се забележи намалување за 2,10 проценти.
Раст од 1,84 проценти има кај активните претплатници на IPTV во вториот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал и од 2,91 процент во споредба со истиот квартал од претходната година.
Во вториот квартал од 2023 година услугата DVB-T ја користеле 40.552 претплатници и споредено со претходниот квартал има пад од 0,17 проценти, односно за 1,80 проценти споредено со вториот квартал од 2022 година.
Бројот на претплатници на сателитска телевизија во вториот квартал од 2023 година изнесува 35.642 и бележи раст од 1,97 проценти во однос на претходниот квартал, а споредено со вториот квартал од 2022 година раст од 18,49 проценти.
Уделот на претплатниците на кабелска телевизија изнесува 47,17 проценти, претплатниците на IPTV имаат удел од 35,53 проценти додека уделот на претплатници на DVB-T и сателитска телевизија изнесува 9,21 процент односно 8,09 проценти.
Во вториот квартал минатата година биле активни 39 од 40 нотифицирани субјекти во службената евиденција на АЕК за обезбедување на услуги поврзани со радиодифузија, како што се: пренос и емитување на терестријални радио програмски сервиси, пренос и емитување на терестријални телевизиски програмски сервиси, реемитување на радио програмски сервиси и реемитување на телевизиски програмски сервиси.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос