Поврзи се со нас

Гостивар

Палењето на Русино е АЛАРМАНТНО, гостиварци се загушија во чад!

Објавено

на

Состојбата со депонијата Русино, каде изминатите месеци отпадот често гори, вчеравечер   ескалираше. Гостивар се загуши во чад и смрдеа. Граѓаните преку социјалните мрежи револтирано реагираа. „Не се дише. Ова е отров. Доста ни е труење“ – се само дел од загрижувачките статуси и пораки на гостиварци од синоќа.

Алармантноста ја потврдија и мерните станици за квалитет на воздухот кои покажаа енормни вредности на загадување.

Воздухот не е расчистен ниту утрово.

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ предлага повеќедневно блокирање на патот кој води до депонијата, привремено да се оневозможи транспортот на ѓубре како и во знак на предупредување дека граѓаните го загубија трпението и бараат најитно решавање на проблемот. Најпрво, да се спречи горењето, а потоа дислокација на Русино.

Иницијативата пред неколку дена организираше протестно дефиле по градските улици, се до депонијата. И тогаш беа испратени пораки за сериозноста на состојбата и ризикот по здравјето на граѓаните.

Русино е одредена како регионална депонија за Полог, а според најавите, нејзино стандардизирање треба да отпочне во рамки на проектот „Управување со цврст отпад во Полошкиот регион“.  Менаџирањето со депонијата треба да го преземе регионално претпријатие. Но, процедурите за избор на членови на управниот и надзорниот одбор се стопирани заради изборите.

Додека се одолговлекуваат формалностите, Русино гори, Гостивар е соочен со еколошка катастрофа.

фото: Небојша Петревски

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 53 минути

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 2 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 3 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 4 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 5 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 18 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 20 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 24 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена