Гостивар
Пазарот во Гостивар врви и на пеколно жешко! Цените намалени

Топлотниот бран не беше пречка за вторничната традиција на Гостивар – да се испазари на градскиот пазар. Тезгите, и во овој пеколно топол јулски пазарен ден, ги затекнавме полни со богата понуда на зеленчук и овошје. Продавачите тријат раце, муштерии на секој чекор, со оглед дека периодов и печалбарите престојуваат во родниот крај.
И трговците и купувачите велат дека не е лесно да се трпи жешкото време, но наоѓаат начини да се разладат. Повеќе зорт имаат тие зад тезгите, оти граѓаните пазаруваат најбрзо што можат и се прибираат дома, додека тие остануваат да работат цел ден и се грижат производите да останат заштитени и свежи.
Од она што го забележавме во нашата обиколка, може да се заклучи дека цените имаат тренд на опаѓање.
Килограм краставици и кромид главно се продаваат по 40 денари, цената на компирот почнува од 20 денари нагоре, доматите се од 40 до 70 денари, благите пиперки чинат 60 денари за килограм, додека лутите се нешто поскапи, односно 90-100 денари. Праските се продаваат за 40 денари од килограм, а нектарините достигнуваат цена од 70 денари. Килограм банани чини 50 до 60 денари, сливи 60 денари, а лубеницата која е и најактуелна периодов има цена од 20 – 30 денари за килограм.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!