Гостивар
Петнаесет кривични за продажба на дрога за два месеци во Гостивар

Во првите два месеци на оваа година, СВР Тетово изготвил вкупно 26 кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори. Од нив 11 за случаи на тетовското и 15 на гостиварското подрачје. Со овие пријави вкупно биле опфатени 35 лица, 14 од Тетово и 21 од Гостивар.
Најчесто станувало збор за марихуана и кокаин, а во помали количини хероин, хашиш и амфитамини. Наркотичните средства најмногу се откривани при преглед на возила и лица, информира Секторот за внатрешни работи.
Податоците од полицијата покажуваат дека само во февруари на поширокото гостиварско подрачје поради сомнение за продажба на дрога биле лишени од слобода 14 лица, меѓу кои имало и еден мaлолетник. Во истиот период во редовни контролни активности на тетовското подрачје биле приведени 41 лице.
СВР Тетово најави дека и во наредниот период ќе продолжи со активности за откривање и законско санкционирање на лицата инволвирани во производство и промет со наркотични дроги, како и на оние кои овозможуваат нивна употреба.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар