Гостивар
ПИСМА: Граѓани алармираат за купишта ѓубре на православните гробишта во Млаки
До Gostivarpress.mk стигна реакција од граѓани од Гостивар кои утрово биле да ги посетат вечните почивалишта на нивните блиски, на православните гробишта во Млаки. Згрозени се од глетката со расфрлано ѓубре, за која велат дека често ги пречекува на гробиштата.
„Жално е да гледаме дива депонија, кога одиме да им оддадеме почит на блиските што ни починале. Глетката е навистина лоша, не доликува на едно вакво место. И не е прв пат да не затекне таква слика, честопати се случувало да има куп отпад. Има служби што треба тоа да го чистат, да го одржуваат просторот редовно“, пишуваат граѓаните во реакцијата, кои ни испратија и фотографии од состојбата на православните гробишта во Млаки утрово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград