Спорт
По 10 години пехарот од Јадранската лига се врати кај „црно-белите“ Партизан – Црвена звезда 3:2

Кошаркарите на Партизан се шампиони во регионалната АБА лига по триумфот во големото финале над Црвена звезда во петтиот натпревар од 96:85.
Во фантастичната атмосфера во Штарк Арената, која и официјално го собори рекордот на АБА-лигата, откако на одлучувачкиот натпревар присуствуваа над 22.198 гледачи, црно-белите ја крунисаа одличната сезона.
Носени од гласната поддршка од трибините, црно-белите одиграа агресивно од стартот и многу брзо стигнаа до забележлива предност во првиот дел. Звезда најде ритам и почна да ги следи црно-белите во третиот период. Но, не се снајде во самата завршница кога Урош Трифуновиќ, Зек Ледеј и Данте Егзум со атрактивно забивање едноставно ги фрлија во транс своите навивачи за недостижна предност и конечни 96:85.
Душко Ивановиќ „залута“, барајќи ја идеалната петорка, додека Кевин Пантер го одигра натпреварот на сезоната со 32 поени и пет скока, кој беше прогласен за МВП на плеј-офот.
Ова е прва титула за црно-белите по 10 години во регионалната лига, а на Звезда заврши четиригодишната доминација. Партизан е најтрофеен во Јадранската лига со 7 титули.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!