Гостивар
По кој знае кој пат вандализам во детско катче во Гостивар

На несовесноста на поединци, се чини и‘ нема крај. Едно од детските катчиња во градскиот парк во Гостивар остана со искршени и уништени лулашки, лизгалки и други реквизити, откако било мета на вандали. Ова е само еден во низата вакви случаи на јавните површини во градот. Низ паркот, на шеталишето крај Вардар, и на други јавни локации урбаната опрема честопати е демолирана. Сторителите се нафрлаат на она што ќе им се најде пред очи, кршат од елементи во детските игралишта до клупи, канделабри, корпи за отпад…
Од Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило потврдија дека вандализмот е честа појава и упатија апел на поголема совесност и одговорно однесување кон јавното добро.
„За жал ваков вандализам многу пати се случува. Ние се трудиме потоа да ги обновуваме тие реквизити за децата и другата урбана опрема што се уништува, но за некое време се повторува истото. Апелирам да се подигне свеста кај луѓето кога е во прашање јавното добро, да се чува, а не да се уништува опремата, тоа е од корист за сите нас“, вели директорот на претпријатието Џелал Луши.
Надлежните изразуваат надеж дека апелите ќе допрат до поединците што се однесуваат деструктивно и дека во иднина ќе нема такви лоши глетки низ јавните површини.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо