Гостивар
По реакциите во јавноста Владата ги повлекува предлог измените за јавни собири и протести
Владата ги повлекува најавените предлог-измени на Законот за јавни собири. Во краткото владино соопштение се вели: „Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација. Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.“
Во јавноста излегоа бурни реакции на предлог измените кои предвидуваа за протест да се смета собир на којшто има над 50 граѓани (наместо досегашната бројка од 20). Исто така, измените предвидуваа ограничување на локацијата и времето на организирање собири.
Со член 2 беше забрането собир „во седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Северна Македонија“.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград