Поврзи се со нас

Македонија

Почесен круг за загинатите бранители: 150 велисипедисти ќе возат од Куманово до Гостивар

Објавено

на

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско “Диво насеље“, утре (11 мај) ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура “Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“, на релација Куманово-Гостивар. Како што информираат од Министерството, учество ќе земат околу 150 велосипедисти.

Турата ќе започне во 7 часот со старт од бензинската пумпа на “Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во Студеничани, “Камник“, Стајковци, гробиштата “Бутел“, касарна “Илинден“ и “Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, Брвеница“, во продолжение по автопатот до  Зубовце и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекфрентни крстосници.

Со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена