Вести
Почина легендарниот српски актер Лане Гутовиќ, познатиот Шоиќ

Српските медиуми попладнево ја пренесоа веста дека во Белград во Военомедицинската академија почина легендарниот актер Милан Лане Гутовиќ. Еден од најталентираните и сестрани актери на балканските простори, бил хоспитализиран минатата недела во лоша состојба на одделение за интензивна нега во воено-болничкиот центар.
Милан Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година, во Белград. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во 1967 година под водство на легендарниот Бојан Ступица. Неговиот прв ангажман бил во Југословенскиот драмски театар. Одиграл голем број театарски улоги во претстави: Болва во уво, Народен пратеник, Отело, Кој се плаши од Вирџинија Вулф и многу други. За прв пат се појавил на филмот во 1968 година во филмот Бегства, а прва главна улога одиграл во 1979 година во филмот на Мичо Милошевиќ – Другари. Во филмскиот серијал Тесна кожа и во серијата Бела лаѓа, го одигра незаборавниот лик на Среќко Шојиќ.
фото:Инстаграм
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар