Македонија
Почина познатиот композитор и диригент Александар Џамбазов

На 85 годишна возраст во Скопје денес почина истакнатиот македонски композитор и диригент Александар Џамбазов. Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на „Златно славејче“. Добитник е на над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија, добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др. Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж.
„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша на Инстаграм неговиот син, актерот Игор Џамбазов.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар