Поврзи се со нас

Вести

„Почитувај ја различноста“ стартуваше од ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар

Објавено

на

Да се надминат предрасудите, да нема насилство и на различностите да се гледа како на придобивка, а не како на проблем. Ова беа пораките од денешната работилница, која се одржа во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, во рамки на проектот „Почитувај ја различноста“, што го спроведува Секторот за внатрешни работи Тетово со поддршка на локалната самоуправа.

Работилницата беше интерактивна и во презентациите учествуваа самите ученици кои ги пренесоа и споделија своите искуства и знаења.

„Нашето училиште повеќе години спроведува проекти во соработка со Отсекот за превенција на МВР. Секоја учебна година се организираат работилници кои ги третираат темите како насилство, злоупотреба на психотропни супстанци и слично. Ваквите настани, каков што е и денешниот, се од голема корст за учениците“, изјави Сашо Шарески, директор на ОУ„Гоце Делчев“ во Гостивар.

„Со ваквите работилници се подигнува свеста кај младите во насока на почитување на мултиетничноста и превенција на насилство. Ние како општина, и во иднина ќе ги поддржуваме ваквите активности“, рече Сеадин Ејупи, шеф на кабинет.

Проектот „Почитувај ја различноста“ ќе се реализира и во училиштата „Единство“ и „Мустафа Ќемал Ататурк“, како и во три тетовски основни училишта. Предвидено е да трае околу два месеци.
Носител на активностите е Отсекот за превенција во соработка со ОБСЕ.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 19 минути

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 2 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 3 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 15 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 17 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 22 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 23 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена