Поврзи се со нас

Вести

Почна пријавувањето за бесплатен одмор

Објавено

на

 

Согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, Министерството за економија објави Јавен повик за организирање на одмор на работници со ниски приходи. „Основна цел на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона“, соопштија од Министерството.

За бесплатен одмор може да се пријават сите граѓани кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не надминуваат 22.000 денари. Потребни документи за пријавување се:

-потврда од работодавецот за висината на исплатена нето плата од последните три месеци и извод од банка за последните три месеци за подносителот на барањето како и на членовите на семејството (сопруг, сопруга и деца) кои заедно со него ќе го користат одморот;

-фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на семејството кои заедно со него ќе го користат одморот и

-изјава дека барателот лично или со членовите на семејството  кои се наведени во барањето ќе го користат одморот.

За одмор во траење од пет дена во некој од трустичките центри во Македонија, за семејствата ќе бидат обезбедени по 15 илјади денари. Пријавувањето трае до 29 септември, а барањата се поднесуваат во Министерството за економија лично или преку пошта на адреса (Јуриј Гагарин бр. 15 Скопје).

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 3 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 4 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 6 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 7 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 21 час

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 22 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена