Гостивар
Полицијата апелира моторциклистите да носат кацига – за непочитување казна од 50 евра
Со затоплувањето на времето на тетовско-гостиварското подрачје се зголемува бројот на моторциклисти по улиците, особено во доцните попладневни и вечерните часови.
Во таа насока Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до моторциклистите задолжително да поседуваат соодветни возачки дозволи, навреме да ги регистрираат мотоциклите и да користат заштитна опрема, пред се кацига. „На моторциклистите им се советува, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не се движат еден до друг, туку еден позади друг. Покрај ова, не смее да има превезување на моторциклите на повеќе лица од законски дозволеното и без потребната опрема.“, се наведува во соопштението.
Од полицијата нагласуваат дека минатиот и овој месец ги засилиле контролните активности во чие средиште се моторциклистите, а најчест прекршок е некористење заштитна опрема.
Паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди