Македонија
Полицијата со апел до излетниците да внимаваат со возењето и со палењето оган
Во пресрет на првомајското празнување се очекува зголемена фрекфренција на патиштата, особено на оние кои водат кон туристичките центри Охрид и Маврово и кон повеќето излетнички места на поширокото гостиварско подрачје.
Во таа насока, Секторот за внатрешни работи Тетово упати апел до возачите- целосно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да бидат максимално внимателни и да избегнуваат конзумирање алкохол, доколку планираат учество во сообраќајот.
„На излетниците им се советува да не палат огнови на отворен простор, посебно во близина на шума и по нивното заминување, да проверат дали зад себе оставиле и да ги соберат отпадоците. Пожари може да пламнат за кусо време, а тешко се локализираат и можат да предизвикаат несогледиви последици.“, наведуваат од СВР со најава дека ќе го зголеми полициското присуство на патиштата на подрачјето, во функција на непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно празнување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди